Моментот кога три девојчиња ги трошат последните 15 фунти за храна за бездомник стана вирално видео на социјалните мрежи.
Loading...
Срдечни девојчиња на 13 – годишна возраст, забележале бездомник кој се тресел од студ, и решиле да отидат до најблискиот маркет, за да му купат ќебе, вода и храна, пишува Дејли Мејл.
Наташа Озборон, Даниел Мек Карти и Клое Паркер, отишле на пица во Пица Хат и враќајќи се го забележале кутриот маж како се тресе од студ.
Снимиле како трчаат по помош низ супермаркетот и набргу наишле на голем интерес меѓу корисниците на социјалните мрежи.