„Три дена во септември“ утре и задутре на филмското платно во Центарот за култура (видео)

Сподели со своите пријатели

Психолошкиот трилер „Три дена во септември“ утре и задутре ќе се прикажува во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

„Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски лика преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај. Тоа е совршено засолниште за Марика, се додека не се појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските намери на двете жени.

Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

Loading...

Сценарист е Даријан Пејовски и Игор Иванов, под продуцентска палка на Томи Салковски.

Проекцијата на филмовт е закажана за утре и задутре со почеток во 19 часот, а билетот можете да го набавите на билетарата пред Центарот за култура по цена од 100 денари.