Три дена пеколни жештини во Македонија

Сподели со своите пријатели

Неделата што е пред нас носи навистина жешко време. За мало освежување ќе треба да почекаме до четврток попладне.

Loading...

Понеделник, вторник и среда ќе поминат во знакот на суво време, без врнежи.

Максималната температура ќе биде во постојан постепен пораст. Во вторник таа ќе биде во дијапазонот од 32°С до 38°С, со тоа што највисоката вредност се очекува да се измери во јужниот дел на повардарието.

Среда за разлика од вторник ќе биде потопла за еден до два целзиусови степени.

Во четврток се очекува да го имаме најтоплиот ден досега оваа година, а има веројатност да стигнеме и до 40°С во демиркапискиот и гевгелискиот крај.

Во четврток попладне се очекува делумна дестабилизација на времето, проследена со локален дожд, грмежи и местимичен засилен ветер. Оваа дестабилизација ќе биде последица на спуштање на нешто постудена воздушна маса од север.

Токму таа постудена воздушна маса ќе донесе и пад на температурата за околу 5°С во петок. Во петок повторно ќе има услови за повремен локален дожд.