Тревога во Јапонија: Можен нов земјотрес од 8 степени по Рихтер

Сподели со своите пријатели

Во Јапонија, по земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер, издадено е предупредување за зголемен ризик од уште посилен земјотрес во следните седум дена.

Според проценките, тој би можел да достигне јачина од осум или дури и повеќе степени.

Епицентарот на земјотресот бил по должината на североисточниот брег на островот Хоншу, а властите веднаш наредиле евакуација на крајбрежните подрачја поради опасност од цунами високи до три метри, но највисоките бранови биле високи околу 80 сантиметри.

Предупредувањата подоцна биле повлечени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тигар скокна меѓу гледачите во циркус во Русија (ВИДЕО)