Третман против крлежи утре и задутре во Куманово

Сподели со своите пријатели

На територијата на Општина Куманово утре и задутре (среда и четврток) ќе се изврши дезинсекција, односно третман против крлежи.

Loading...

Како што информираат од локалната самоуправа акцијата ќе се спроведе со почеток во 05:00 часот

– Целта на третманот е спречувањена ширење на заразни болести, каде како векторисе јавуваат истите. Со овој третман ќе бидатопфатени јавно-прометни зелени ицветни површини во градот, со акцент назеленилото покрај градскиот кеј, плоштадот ипарковите. Третираните површини ќе бидат видноодбележани и не се препорачува престој наповршините како за луѓе така и заживотни, особено непосредно по извршувањетона третманот, стои во соопштението од Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  42 возачи казнети изминатиот викенд во Куманово

Доколку временските услови недозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогашистата ќе биде одложена за наредниот ден.

Никола Ивановски