Loading...
По еден ден пауза, граѓаните на Куманово вечерва пвоторно излегоа на протестен марш низ улиците во централното градско подрачје да го искажат револтот од одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
[huge_it_gallery id=”345″]
Тие барајќи оставка од Иванов со скандирање најпривн започнаа пред Основниот суд во Куманово, а потоа продолжија да маршираат во мирна и демократска атмосфера. Едно од нивните барања веќе со денови е повлекување на одлуката за аболиција на политичарите.
Граѓаните на Куманово повторно покажаа дека имаат висока демократска свест, па протестите минаа без никакви инциденти и со минимално полициско обезбедување.
За утре во 19 часот повторно е најавен собир пред судот.