Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува учество во женски спортови.
„Поради оваа извршна наредба, војната против женскиот спорт е завршена“, рече Трамп додека го потпишуваше документот на церемонијата во Белата куќа, со аплауз од десетици спортистки.
Уредбата предвидува повлекување на средствата од федералната влада од училиштата што ќе им овозможат на трансродовите членови на заедницата да бидат дел од женски спортски тимови.
„Нема да има федерално финансирање за овие објекти“, нагласи Трамп.
Тој, исто така, ја искористи можноста да се обрати до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) додека неговата земја се подготвува да биде домаќин на следните Олимписки игри.
„Во Лос Анџелес 2028 година, мојата администрација нема да седи со скрстени раце додека мажите победуваат спортистки. Нема да го дозволиме тоа“, рече тој, повторувајќи дека Алжирецот Иман Калиф е маж (олимписки шампион во полусредна категорија).
Трамп нагласи дека неговата влада ќе ги отфрли сите барања за виза поднесени од мажи кои „лажно се претставуваат како жени“.