Трамп: За мене, пресудата е продолжение на ловот на вештерки

Сподели со своите пријатели

Поротата во Њујорк откри дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп пролетта 1996 година сексуално ја нападнал писателката и новинарката Жан Керол во гардероба на луксузна стоковна куќа, а по објавувањето на пресудата, Трамп ја нарече срамна и продолжување на „ лов на вештерки“.

Loading...

По речиси три часа размислување, деветчлената порота во федералниот суд на Менхетен одлучи да досуди парична казна од околу пет милиони долари како компензација и отштета на Џин Керол.

Поротата утврди дека Трамп не ја силувал Џин Керол, туку дека сексуално ја нападнал, пренесоа агенциите.

Веднаш по пресудата, Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“ напиша дека пресудата е „срамна“ и дека „апсолутно нема поим која е оваа жена“, и дека тоа е продолжение на „ловот на вештерки“.

Портпаролот на Трамп најави дека Трамп ќе поднесе жалба на пресудата.

Трамп нема да мора да плати отштета додека се чека неговата жалба.