Трамп се заканува дека ќе го „отвори пеколот“ во Газа

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се прекине примирјето меѓу Израел и Хамас и да се остават „портите на пеколот да се отворат“.

Loading...

Зборувајќи со новинарите додека потпишуваше серија извршни наредби во Белата куќа, Трамп рече дека одлуката за продолжување на прекинот на огнот на крајот ќе зависи од Израел.

„Јас зборувам за себе“, рече Трамп, додавајќи дека Израел може да го отфрли, според Ројтерс.

Портпаролот на Хамас Абу Обеида во понеделникот објави дека милитантната група ќе го одложи ослободувањето на израелските заложници, закажано за сабота, бидејќи Израел ги прекршил условите од договорот за прекин на огнот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Многу го цениме ослободувањето на американскиот државјанин од Путин

Тој рече дека ослободувањето на заложниците ќе биде „одложено до понатамошно известување, додека окупаторот ретроактивно не ги преземе и исполни обврските од претходните три недели“, пренесува Танјуг.

Абу Обеида рече дека Израел го одложил враќањето на раселените жители на Појасот Газа на север од енклавата и отворил оган врз нив, а исто така, додаде тој, го попречил протокот на хуманитарна помош во Газа.

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп мора да запомни дека единствениот начин да се вратат израелските заложници е да се почитува примирјето меѓу Израел и Хамас.

„Јазикот на заканите само ја комплицира ситуацијата“, изјави Абу Зухри за Ројтерс.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја го осуди планот на Трамп да ја преземе Газа како „масакр и грабеж“

Семејствата на израелските заложници земени од Хамас и други граѓани го блокираа автопатот што ги поврзува Тел Авив и Ерусалим, барајќи премиерот Бенјамин Нетанјаху да не го загрозува договорот за ослободување на заложниците.