Трамп сака разговори за контрола на нуклеарното оружје со Русија и Кина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ги обнови разговорите за контрола на нуклеарното вооружување со Русија и Кина и се надева дека трите земји на крајот би можеле да постигнат договор за намалување на нивните воени буџети за половина.

Loading...

Трамп вчера пред новинарите во Белата куќа изјави дека не гледа потреба од создавање ново нуклеарно оружје, бидејќи САД веќе поседуваат голем арсенал, истакнувајќи дека сите три земји можат да заштедат огромни ресурси кои би можеле да се искористат за попродуктивни цели, објави Ројтерс.

„Немаме причина да правиме ново нуклеарно оружје, веќе имаме толку многу. Можеме да го уништиме светот 50 пати, 100 пати. И сега градиме ново нуклеарно оружје, додека тие (Русија и Кина) исто така го градат своето“, рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Администрацијата на Трамп укинува повеќе од 90 отсто од странската помош на УСАИД

Тој предвиде дека Кина наскоро ќе ги достигне САД и Русија во капацитетите за нуклеарно оружје, веројатно во рок од пет до шест години.

Трамп изјави дека би сакал да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и со рускиот претседател Владимир Путин за да започнат разговори за намалување на воените буџети.

За време на неговиот прв мандат, Трамп се обиде, но не успеа, да ја вклучи Кина во преговорите за намалување на нуклеарното оружје, додека САД и Русија преговараа за продолжување на меѓународниот договор за намалување на нуклеарното оружје меѓу двете земји, „НОВ СТАРТ“, пренесува Танјуг.