Трамп помилува креатор на веб-страница од „дарк веб“ за шверц со дрога, осуден на доживотен затвор

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува основачот на илегалната веб-страница Silk Road, кој во 2015 година беше осуден на доживотен затвор за трговија со дрога и нелегален бизнис.

Loading...

Веб-страницата на Рос Улбрихт, создадена во јануари 2011 година, била користена за продажба на нелегални стоки на дарк веб, вклучувајќи и дрога вредна 200 милиони долари.

Федералното биро за истраги (ФБИ) ја затвори локацијата во октомври 2013 година.

„Само што ѝ се јавив на мајката на Рос Вилијам Улбрихт за да ѝ кажам дека во нејзина чест и чест на слободарското движење, кое толку жестоко го поддржувам, имам задоволство да потпишам целосно и безусловно помилување за нејзиниот син“, рече американскиот претседател на Truth Social.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Берлин: Ова е катастрофа за американско-германските односи

Трамп вети дека ќе го ослободи Улбрихт за време на говорот во мај на конвенцијата на Либертаријанската партија, движење кое се залага за индивидуални слободи и ограничување на улогата на владата.

Случајот на Улбрихт стана познат во слободарските кругови, кои сметаа дека пресудата е напад на принципите на слободниот пазар.

Одлуката за помилување на Улбрихт, кој исто така беше обвинет во наводни случаи за нарачани убиства, но обвиненијата подоцна беа отфрлени, беше донесена иако Трамп за време на изборната кампања ги обвини демократите дека се меки кон деликвенцијата и криминалот.