Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека обвинувањата за измама со намалување на владините трошоци, наводно откриени од тимот на неговиот помошник и раководител на Одделот за владина ефикасност, Илон Маск, се проследени до Министерството за правда за кривична истрага.
„Да, имаше. Погледнете некои од овие работи што се случија – милијарди долари“, рече Трамп во интервју за ABC News, кога беше прашан дали има препораки за истрага на измами, објави Блумберг.
Трамп не даде никакви детали за тоа какви информации биле доставени до Министерството за правда.
Маск постојано тврдеше дека неговиот тим открил луѓе кои лажно тврделе дека имаат право на надоместоци за невработеност или социјално осигурување, иако биле премногу млади или премногу стари за да го сторат тоа.
Сепак, владини претставници рекоа дека многу од тие примери биле погрешно протолкувани.
Порано овој месец, Маск изјави дека „некој ќе биде уапсен утре“ поради измама со социјалното осигурување. Министерството за правда подоцна не објави никакви апсења.