Трамп: Не знам ништо за австралиските избори, но Албанезе е многу добар

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека не знае ништо за изборите што се одржаа во Австралија минатиот викенд, но рече дека австралискиот премиер Ентони Албанезе, чија Лабуристичка партија убедливо ги победи конзервативците, е „многу добар“.

Loading...

„Не знам ништо за изборите освен човекот што победи, тој е многу добар. Во навистина пријателски односи сум со Албанезе… Можам само да кажам дека беше многу, многу љубезен кон мене, почитувачки кон мене“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа откако се симна од претседателскиот хеликоптер.

Според анкетите, трошоците за живот и загриженоста за царинските политики на Трамп беа меѓу главните прашања на австралиските избори, а Албанезе ги нарече царините на Трамп „не пријателски чин“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Starbase на Маск во Тексас официјално ќе стане град

Албанезе освои втор мандат како премиер во неочекувана победа против конзервативната Либерално-национална коалиција, која водеше на анкетите во февруари.

Според најновите резултати, Лабуристите водат во 85 електорати во Долниот дом, кој има 150 места.