Трамп ги паузираше царините за Канада на 30 дена, се надева на договор

Сподели со своите пријатели

Царините наметнати на канадски стоки од американскиот претседател Доналд Трамп „ќе бидат паузирани најмалку 30 дена“, најави канадскиот премиер Џастин Трудо.

Loading...

Неговата објава уследи по телефонскиот разговор со Трамп.

„Само што имав добар разговор со претседателот Трамп. Канада го спроведува нашиот граничен план од 1,3 милијарди долари, ја зајакнува границата со нови хеликоптери, технологија и персонал, подобрена координација со нашите партнери од САД и зголемени ресурси за запирање на протокот на фентанил. Речиси 10.000 воени лица работат и ќе продолжат да работат на заштита на границата. Покрај тоа, Канада презема нови обврски за назначување функционер за фентанил, назначување на картелите како терористи, обезбедување 24/7 надгледување на границите и започнување на заедничка канадско-американска работна група за борба против организираниот криминал, фентанил и перење пари. Потпишав и нова разузнавачка директива за организиран криминал и фентанил и ќе ја поддржиме со 200 милиони долари“, напиша Трудо на платформата X.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц: ЕУ ќе ги следи сопствените интереси во трговските преговори со САД

Трамп рече дека неговиот разговор со канадскиот премиер Џастин Трудо поминал „многу добро“.

„Како претседател, моја одговорност е да ја осигурам безбедноста на сите Американци, и токму тоа го правам. Многу сум задоволен од овој првичен исход, а тарифите објавени во сабота ќе бидат паузирани во период од 30 дена, за да се види дали може да се постигне конечен економски договор со Канада или не. Правда за сите!“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Потсетиме дека Трамп официјално воведе царини за кинески стоки и планира да ја примени истата политика за Мексико и за Европската унија.

Но, лидерите на овие земји нема да му останат должни како што најавија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фредриксен: Гренланд не е на продажба