Трамп ги именуваше Сталоне, Гибсон и Војт како „специјални пратеници“ за Холивуд

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги именуваше актерите Мел Гибсон, Џон Војт и Силвестер Сталоне за негови специјални пратеници во Холивуд.

Loading...

Трамп ја објави одлуката на платформата Truth Social, наведувајќи дека тројцата актери, кои отворено го поддржуваат, ќе работат како негови амбасадори за да го направат Холивуд „поголем, подобар и посилен од кога било досега“, пренесува Sky News (Скај њуз).

„Многу ми е чест да го објавам назначувањето на овие три многу талентирани поединци. Тие ќе служат како мои специјални пратеници за да помогнат во враќањето на Холивуд на врвот, кој изгуби многу бизнис во странство во последните четири години, “! напиша Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Администрацијата на Трамп ќе започне со масовни апсења на илегални имигранти од вторник

Новоизбраниот претседател, кој во понеделник ќе ја преземе функцијата од актуелниот претседател Џозеф Бајден, нагласи дека Гибсон, Војт и Сталоне ќе бидат „неговите очи и уши“ во Холивуд и дека ќе спроведе се што ќе му предложат.

„Холивуд повторно ќе го доживее, како и самите Соединети Американски Држави, своето златно доба“, нагласи Трамп.

Гибсон, кој неодамна го загуби својот дом во пожарите што го опустошија Лос Анџелес, рече дека веста го изненадила, но дека ќе биде посветен на својата нова улога.

„Моја должност како граѓанин е да ја дадам сета помош што можам“, рече тој, шегувајќи се дека се надева дека ќе добие жителство со оваа позиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Трамп ќе го промени договорот за прекин на огнот во Газа по преземањето на функцијата?

Холивудската продукција страдаше во последниве години поради пандемијата на коронавирус, протестите на филмските и телевизиските синдикати во 2023 година и пожарите што го зафатија Лос Анџелес.

Loading...

Податоците од организацијата FilmLA покажуваат дека производството во Лос Анџелес во 2023 година паднало за 5,6 отсто во споредба со претходната година, што е најниско ниво од 2020 година.