Трамп денеска одлучува за прекин на помошта за Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе се сретне со неговите највисоки соработници за национална безбедност, вклучително и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, за да разговараат за низа политички опции за Украина, вклучително и суспендирање на американската воена помош за Киев, изјави за Њујорк тајмс неименуван претставник на администрацијата на Трамп.

Loading...

Официјалниот претставник рече дека на состанокот ќе се разговара и за можното суспендирање на пратките со муниција и опрема во Украина, кои беа одобрени за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човекот со најголемо влијание врз Трамп: „Време е Америка да ги напушти НАТО и ОН“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изрази уверување дека може да ги обнови односите со Трамп по нивната спорна средба во Белата куќа во петокот.

Тој нагласи дека разговорите со Трамп треба да продолжат во поинаков формат, пренесува Ројтерс.

Зборувајќи пред новинарите во Лондон, Зеленски исто така рече дека работи на подготовка за нови предизвици, иако не смета дека САД ќе ја прекинат воената помош за Украина, бидејќи тоа, според него, само ќе му помогне на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека се уште е подготвен да потпише договор за ретки метали со САД и изрази надеж дека и САД се подготвени за тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Виктор Орбан: Во Лондон, европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир

Зеленски претходно изјави, по самитот на европските лидери во Лондон, дека работи со европските партнери на воспоставување цврста основа за соработка со САД за постигнување мир и гарантирање на безбедноста на Украина.

Посетата на Зеленски на Белата куќа во петокот беше прекината откако тој влезе во жестока вербална размена со Трамп и американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, кои го обвинија за „непочитување“ за време на состанокот во Овалната соба.

Loading...

После тоа, украинскиот лидер ја напушти Белата куќа без коментар, а Трамп на платформата Truth Social напиша дека Зеленски не е подготвен за мирно решавање на украинскиот конфликт и дека покажал непочитување кон САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Може ли да се поправи односот меѓу САД и Украина?