Трамп бара отштета од 500 милиони долари од неговиот адвокат

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужеше својот поранешен адвокат Мајкл Коен, барајќи отштета од над 500 милиони долари.

Loading...

Коен сведочеше пред големата порота на Менхетен, која подоцна го обвини Трамп за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја, што претставува прв пат во американската историја поранешен претседател да биде обвинет за кривично дело.

Трамп, кој се кандидира за републиканска претседателска номинација во 2024 година, се изјасни за невин на 4 април.

Во новата тужба, поднесена во американската сојузна држава Флорида, Трамп го обвини Коен дека ги прекршил правилата на односот адвокат-клиент со откривање на доверливи информации и за „ширење невистини“.

Коен сè уште не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар за тужбата.

Трамп беше обвинет за погрешно прикажување на исплатата на пари како деловен или правен трошок, во времето кога ја започна својата прва претседателска кандидатура, која беше искористена за да се купи молкот на тогашната порно ѕвезда Сторми Даниелс за сексуалните односи што таа наводно ги имала со Трамп десет години порано.

Коен изјавил дека договорил исплата на 130.000 долари на Даниелс.

Во својата тужба, поранешниот претседател го обвинува Коен дека шири невистини за него, предизвикувајќи „огромна штета“ на угледот на Трамп.

Loading...