Трамп: Бајден нѐ доведе до работ на Трета светска војна

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја започна својата изборна кампања, првпат откако ја објави кандидатурата за враќање во Белата куќа.

Loading...

Трамп го одржа својот прв говор на годишниот состанок на Републиканската партија во Салем. Тој го критикуваше претседателот Џо Бајден за политиката на официјален Вашингтон кон војната во Украина. Трамп рече дека ќе преговара со Русите и дека мировниот договор ќе биде потпишан во рок од 24 часа.

– Преку слабост и неспособност Џо Бајден не доведе до работ на Третата светска војна. Добро ме слушнавте – ние сме на работ на Трета светска војна. Кога повторно ќе бидам претседател, ќе го вратам мирот со сила, рече Трамп.