Шеесет и четиригодишен тракторист од кумановско Доброшане, починал вчера околу 9:40 часот во село Бајловце.
Според, СВР Куманово, трактористот собирал сено со трактор на кој имало приклучена дополнителна земјоделска алатка. Тракторот во еден момент се превртел и врз земјоделецот паднала приклучената алатка. Лекарите само ја констатирале смртта.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Куманово по овластување на Основното јавно обвинителство. Телото на починатиот е предадено на семејството