Трактор управуван од малолетна кумановка паднал во канал, едно лице загина

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина откако трактор со кој управувала малолетничка од кумановското село Тромеѓа паднал во канал.

Loading...

– На 28.05.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од селоТромеѓа излетал од патот и паднал во канал, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хуманитарна изложба на автомобили во сабота во Куманово

Никола Ивановски