Трагедија во Велес: Меѓународен воз прегази 14 мигранти

Сподели со своите пријатели

Во близина на Велес синоќа околу 22.30 часот меѓу железничките станици „Рајко Жинзифов“ и „Пчиња“ меѓународен воз, кој сообраќа на релација Солун – Белград, прегазил 14 мигранти, од големата група која се движела по пругата одејќи кон Србија.

Loading...

На местото на железничката несреќа, екипи на прва помош стигнале од Скопје и Велес. Увид за несреќата направиле екипи на СВР Велес, јавен обвинител и стручни лица на Македонски железници.

Стојковска додава дека осум мигранти се приведени и се наоѓаат во Полициската станица во Велес, а имало и поголема група мигранти кои побегнале од местото на несреќата.

Фото: 1мк


Leave a Reply