Трагедија во Нигерија: 86 лица загинаа во експлозија на цистерна

Сподели со своите пријатели

Во експлозија на цистена во Нигерија загинаа 86 лица, соопшти нигериската агенција за вонредни состојби.

Loading...

Експлозијата се случила вчера во близина на областа Сулеја, откако поединци се обиделе да пренесат бензин од урната цистерна со нафта во друг камион користејќи генератор.

Преносот на гориво предизвикал експлозија, што резултирало со смрт на оние што го превезувале бензинот, а загинаа и неколку случајни минувачи.

Националната агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека 55 лица се повредени и се во болница во областа Сулеја.

Цените на бензините во Нигерија се зголемија откако кабинетот на претседателот Бола Тинубу ги зголеми цените на горивото пред повеќе од една година во обид да ги насочи ресурсите за развојни цели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Кина егзекутирани двајца мажи. Еден со автомобил уби 35 лица, друг со нож уби осуммина