За оваа чоколадна бисквитна торта, нема да мора да ја вклучите рерната или да валкате многу садови. Подготвена е за десет минути, а вкусот ќе ве воодушеви.
Состојки:
пакување бисквити од 400 г
480 мл слатка павлака
450 грама чоколадо за готвење
Подготовка:
Скршете ги бисквитите во подлабок сад. Во друг сад, измешајте 400 мл слатка павлака и 350 грама чоколадо за готвење и ставете ги во микробранова печка за да се стопи чоколадото, или испарете го.
Истурете ја смесата врз бисквитот додека е уште жешко и добро измешајте. Добиената смеса поделете ја рамномерно во тркалезна форма со пречник од 20 см, и оставете ја да се стегне во фрижидер.
За тоа време, направете прелив од 100 грама чоколадо за готвење и 80 мл слатка павлака на ист начин – со парење или загревање во микробранова печка. Истурете ја тортата и вратете ја во фрижидер да се стегне.
Можете да ја декорирате тортата со рендано бело чоколадо, мелени бисквити или кокос.