Топлотниот бран во Британија однесе 14 животи: Меѓу настраданите и деца

Сподели со своите пријатели

Досега 14 лица починаа како резултат на давење во Велика Британија, а се стравува дека бројот наскоро може да се зголеми.

Loading...

Телото на момче вчера беше извлечено од реката Трент во Велика Британија, па бројот на жртвите на топлотниот бран се искачи на 14.

Се верува дека станува збор за тинејџер, кој претрпел топлотен удар додека пливал во реката околу пет и пол навечер по локално време.

 

 

– Екипата за спасување од Дербшир тргна во потрага по исчезнатото момче, сепак, кога тимот го пронашол околу 12 и пол, тие можеле само да ја констатираат смртта – изјави полицијата за медиумите.

Слична ситуација се случи еден ден претходно кога беше пронајдено тело на момче во канал во Западен Јоркшир (14).

Loading...

Проблемите со топлотен удар и давењесе резултат на високите температури во Велика Британија. Во последните денови, а некои делови од земјата беа погодени од топлотен бран, па властите ги предупредија Британците за опасност од отворени води.

Досега 14 лица починаа како резултат на давење во Велика Британија, а се стравува дека таа бројка наскоро може да биде поголема.

Вчера беше најтоплиот ден во Велика Британија оваа година, со измерени 34 степени.

 

 

Иако на некои им се чини дека ова не се премногу високи температури, ова е рекорден за оваа островска земја, бидејќи просечната температура во јули во последните години е помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови.

Иако Британците се надеваа дека топлотниот бран наскоро ќе помине, експертите предупредуваат дека високите температури ќе продолжат и во наредниот месец и дека може да се очекува заладување само во септември.

Loading...

Leave a Reply