Тито ги посетил повредените од земјотресот во 1963 кои биле сместени во Куманово

Сподели со своите пријатели

Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито, ја посетил Кумановската болница во јули 1963 година за да ги посеит ранетите од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Loading...

Тито одел од постела до постела, разговарал со полесно повредените и се интересирал за состојбата на нивното здравје.

Многу од ранетите го поздравиле само со мавтање со рацете.

Заедно со Тито во посета на кумановската болница биле и потпретседателот на СФРЈ Александар Ранковиќ, претседателот на Сојузната скупштина Едвард Карадељ, претседателот на Сојузниот одбор на ССРНЈ Лазар Колишевски, претседателот на Сојузниот извршен совет Петар Стамболиќ, претседателот на синдикатите на Југославија Светозар Вукмановиќ Темпо и многу други високи раководители на СФР Југославија и СР Македонија.

Сите високи раководители ја посетиле операционата сала. Тука Тито се интересирал дали болницата има доволно медицински персонал, лекови и друга опрема за пружање на ефикасна помош на ранетите. На аминување Тито им порачал на медицинскиот персонал:

„Јас знам дека сте вложиле многу напори за да им помогнете на постраданите, но јас уште еднаш ве замолувам да сторите се да не ви згасне уште некој живот“, рекол тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Извор: „Наш весник“ бр. 43 (01.08.1963 година)
Фото: Википедија

Leave a Reply