Типови на луѓе кои секогаш доцнат: Можеби ќе се пронајдете!

Сподели со своите пријатели

Околу 17 отсто од луѓето хронично доцнат, а сите имаат речиси идентични навики во однесувањето, како што се проблеми со самоконтрола и тешкотии со концентрирање, покажа студијата на Универзитетот во Сан Франциско.

Loading...

За нив се вели дека „доцнат на сопствените погреби“, а според некои научни теории постои дури и синдром на хронично доцнење, ментално пореметување кое влијае на истата област на мозокот како нарушување на дефицитот на внимание или АДХД.

Овој феномен го забележала Дијана ДеЛонзор, авторка на книгата „Никогаш не доцни повторно“, која и самата имала проблеми со доцнењето.

– Луѓето кои доцнат не ја сакаат таа нивна особина и се трудат да ја поправат, мора да знаат дека тоа не е воопшто лесно. Да му кажеш на некој кој секогаш доцни да дојде на време е како да му кажеш на дебел човек „не јади толку многу“, истакнува ДеЛонзор за Хафингтон пост.

За многумина, проблемот со доцнењето започнал уште во детството, а тоа е поврзано со фундаменталните разлики во функционирањето на човечкиот мозок.

Докажано е дека луѓето кои секогаш доцнат различно го доживуваат текот на времето.

ДеЛонзор идентификувал седум типови на луѓе кои доцнат, во зависност од нивните мотиви и оправдувања.

Тој верува дека да откриете каков тип сте е клучно за да можете да го „излечите доцнењето“.

Loading...

Зависници од адреналин

Овој тип на луѓе потсвесно ги привлекува адреналинскиот наплив на завршување на задачите во последен момент и тешко е да се мотивираат без рокови или криза на хоризонтот.

Потоа, откако ќе увидат дека нема шанси да успеат на време, се откажуваат и се чувствуваат лошо поради тоа.

Брзањето од едно до друго место е нивниот начин на функционирање и создава очигледен начин да се разбие досадата.

Продуктивни луѓе

Нивната главна идеја е да направат што е можно повеќе работи за што е можно пократко време, а функционираат според принципот на вкрстување на задачите од списокот што го поставиле за тој ден.

Најчесто потценуваат колку време им е потребно за одредена задача.

– Продуктивниот човек мисли дека за еден час може да зготви ручек, да ја исчисти куќата со правосмукалка, да скокне до банка и да ги земе децата од училиште. Секако дека не им оди, па хронично доцнат од една на друга задача, но не се откажуваат затоа што сакаат се да завршат. Телефонот постојано им ѕвони, а иако доцнат, секогаш брзаат – додава ДеЛонзор.

Расеан професори

Тие се исклучително лесно расеани и често имаат некакво нарушување на вниманието, како хиперактивност или АДХД.

Излегувајќи од дома, забележуваат дека сликата е искривена или дека мора да го поправат креветот, па забораваат на времето и доцнат на таа задача.

Loading...

Нивниот главен проблем е што сè им го одвлекува вниманието и немаат јасни приоритети што треба прво да направат, но сè им изгледа подеднакво важно.

Бунтовник

Овој тип всушност ужива да доцни, бидејќи им се допаѓа идејата луѓето да ги чекаат само нив.

Својата репутација ја изградиле на доцнењето, поради што се чувствуваат посебно.

Со ваквото однесување тие фиктивно си даваат значење и моќ, а тоа е почесто кај мажите отколку кај жените.

Повеќето од нив се луѓе со ниска самодоверба кои ги компензираат своите недостатоци.

Рационализатор

Овој тип никогаш нема да признае дека доцни, бидејќи во секој случај ќе го подготвил најдобриот можен изговор кој целосно го ослободува од вината.

Нема смисла да се расправаме со него, бидејќи на крајот ќе дојде до расправија бидејќи „едноставно не може да влијае на вонредните околности што го спречуваат секој пат да биде на време“.

Loading...

Другите му се поважни од него самиот

Овој тип на личност не доцни толку често. Најчесто, всушност се работи за доцнење на места или настани на кои тој воопшто не сака да оди, но им ветил на другите за да им угоди.

Си дава изговори и избегнува да оди до последен час, но чувството на вина преовладува, па конечно се појавува, но со задоцнување.

Најважен си е сам себеси

Тој генерално се чувствува вознемирен во својата околина и се обидува да ги контролира, а сопствените потреби и рутина ги смета за поважни од времето на другите луѓе.

Кај овој тип очигледни се непочитувањето и неодговорноста, како и свесноста за ситуацијата.