Тинејџер кој уби две наставнички во Шведска осуден на доживотен затвор

Сподели со своите пријатели

Тинејџер на 18-годишна возраст е осуден на доживотен затвор за убиство на две учителки во средно училиште во Малме, Шведска, пред речиси шест месеци.

Loading...

Покрај затворската казна, тој ќе треба да плати и околу еден милион шведски круни како отштета на преживеаните роднини, објави судот.

Тој сам се пријавил во полиција

Момчето призна дека нападот го извршил на 21 март. Тој, меѓу другото, бил вооружен и со секира. Тој е уапсен откако самиот го пријавил делото.

Пристигнувајќи на местото на настанот на третиот кат од гимназијата, полицијата затекнала двајца тешко повредени професори и еден 18-годишен ученик. Две жени им подлегнале на повредите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште