Тинејџер избоден до смрт во Лондон, уапсени двајца 16-годишници

Сподели со своите пријатели

Двајца тинејџери се уапсени откако 17-годишник беше избоден до смрт во саботата во западен Лондон.

Loading...

Полицијата била повикана околу 13.10 часот по пријава за прободување во улицата Ерконвалд, Шепардс Буш. На местото на настанот биле пронајдени две млади момчиња со убодни рани.

Еден од нив, 17-годишниот Кеирон Чарлс, починал на лице место, потврди лондонската полиција.

Во тек е истрага

Уште едно 16-годишно момче е пренесено во болница со повреди кои не се опасни по живот.

По лекување, тој бил отпуштен и уапсен поради сомнение за убиство. Тој моментално е во притвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пекол во Мјанмар: Бројот на загинати се искачи на 3.500, мртовечниците полни

Третиот осомничен, исто така 16-годишен, го напуштил местото на настанот, но бил уапсен вчера рано наутро и исто така е во притвор, соопшти лондонската полиција.

Истрагата за убиството е во тек.