Тим од млади кумановски кошаркари влегува во Втората лига

Сподели со своите пријатели

Младинскиот тим на Куманово се избори за големо финале во Плеј оф завршницата на Третата лига на македонската кошарка, откако вчера го совлада составот на Албес од Чаир на гостински терен со резултат 69:66.

Loading...

Клубот составен пред се од млади кумановски кошаркари годинава покажаа дека градот има иднина во овој спорт. Тие заедно со вториот тим на Работнички ќе се борат во финалето на Третата лига, а од следната сезона ќе настапуваат како второлигаши.

Финалната серија започнува да се игра в недела со почеток во 18 часот во СРЦ Кале.

Никола Ивановски