Пороен дожд, грмотевици, поплавени улици и голем одрон во селото Мала Речица и Шипковица, тетовско, е билансот од денешното невреме што ги зафати Прилеп и Тетово.
Mесната Заедница од Мала Речица апелира за итна помош, објави уредникот на АЛСАТ – М, Мухамед Зекири.
– Досега регистрирани се 4 жртви, две деца и двајца старци го загубиле животот, а се јавува и за исчезнати во невремето што попладне го зафати Тетовскиот регион, напиша Зекири.
Поради поројните дождови и зголемениот водостој се излеа и реката Пена.
Граѓаните на Тетово алармираат дека куќите на луѓето кои живеат во ромската населба покрај реката Пена, се целосно поплавени и во моментов ним им е најмногу потребна помош.
Поради обилни врнежи, регионалниот пат Тетово – Јажинце и и патниот правец Тетово – Попова Шапка се во прекин.
Инаку, попладнево и Прилеп и Пелагонија беа погодени од водената стихија. Паркови, улици и игралишта во Прилеп неколку часа беа под вода.
https://www.youtube.com/watch?v=ttY2bW07_Qw