Тест на личноста што открива колку сте одговорни, зрели и подготвени за промени

Сподели со своите пријатели

Како реагирате кога животот ви се сврти за 180 степени преку ноќ? Дали сте подготвени да се справите со новите околности или сте преплашени што мора да излезете од вашата удобна зона, иако, можеби, промените во вашиот живот би донеле многу радост и среќа?

Loading...

Одговорете на понудените прашања, запишете ги одговорите и откријте дали се плашите од промени или ги сакате со цело срце.

Прашања

  1. Влегувате во непозната куќа и наоѓате кутија на подот. Што има во таа кутија?

 

  1. Имате опција да изберете едно место за да го поминете остатокот од вашиот живот. Каде е тоа место?

 

  1. Залутавте во пустината, уморни и исцрпени, а ноќта се ближи. Одеднаш гледате населба во далечината. По околу десет минути пешачење, ќе забележите оаза која е малку поблиску. Каде ќе одите?

 

  1. Што би направиле ако одеднаш изгубите сè?

 

  1. Имате слободен ден. Како ќе го потрошите?

 

Loading...
  1. Имате навидум нерешлив проблем. На кого ќе се обратите за помош?

 

  1. Ако златна рипка ветува дека ќе ви ја исполни најголемата желба, но вие треба да одлучите во кој период од животот би сакале да останете засекогаш, кој период би бил – детство или сегашност?

 

  1. Ако некој ви каже дека имате само 24 часа живот, како би ги потрошиле?

 

  1. Ако се случи природна катастрофа во областа каде што живеете, што би понеле со вас додека бегате?

Решенија

  1. Зад вашиот одговор стои вашиот поглед на среќата.

Ако сте замислиле дека има нешто во кутијата што нема никаква вредност за вас, длабоко верувате дека за среќа мора да работите напорно.

Ако сте замислиле работи кои имаат голема вредност, очекувате дека среќата ќе биде во ваша корист во иднина.

Ако кутијата што ја најдовте беше празна, вие сте по природа практична личност. Ако најдете порака, посакувате да ви се случат големи промени, проследени со среќни околности.

  1. Одговорот на ова прашање открива колку сте задоволни од моменталната животна состојба.

Ако сте го одбрале местото каде што живеете сега, вие сте задоволни и благодарни. Ако сте се одлучиле за некоја далечна дестинација, вие сте голем сонувач и романтичар и сакате некој да влезе во вашиот живот кој ќе ве инспирира да направите храбри чекори.

Loading...
  1. Одговорот ја опишува вашата работна етика.

Ако сте одбрале да одите во населбата, подготвени сте секогаш да преземате одговорност на работа. Вие сте добар планер, прецизни во сè што правите и подготвени сте да им помогнете на вашите колеги и со љубопитство ја поздравувате секоја нова задача или промена во вашиот работен систем.

Ако сте одбрале оаза, тешко е да се помирите со правилата што ја регулираат вашата работна средина. Вие сте во можност паралелно да извршите повеќе работни задачи, но ве нервираат роковите и отчетноста пред претпоставените.

  1. Одговорот открива дали сте подготвени за изненадувања.

Ако сте решиле да „започнете од нула“ по финансиската несреќа, вие сте одличен борец и лесно можете да се прилагодите на новите околности.

Ако одговорите дека ќе тагувате и очајувате во дадените околности, се плашите од промени.

  1. Одговорот на ова прашање го опишува вашиот став кон парите.

Ако слободниот ден ќе го искористите за да сторите сè што не сте успеале да завршите во текот на неделата, трошите пари спонтано и се радувате секогаш кога одите на шопинг.

Ако слободниот ден е можност да легнете дома, вашата моментална финансиска состојба е веројатно незавидна, но во овој момент немате конкретно решение како да го промените тоа.

Ако сте решиле слободниот ден да го поминете на шетање или спортување, рационално го поминувате, секогаш имате нешто „во кутија“ и губењето на работата или намалувањето на платата може да не ве изненади.

  1. Начинот на кој ги решавате проблемите покажува колку имате самодоверба.

Ако одговоривте дека сепак ќе се обидете сами да го решите проблемот, вие сте одговорни, самоуверени и верувате дека секоја личност е должна да се прилагоди на новите околности.

Loading...

Ако одговорите да побарате помош од членовите на семејството или пријателите, се сомневате во сопствените способности и се плашите од секој нов ден.

Ако процените дека експертите ќе ви го дадат најдобриот совет, вие сте рационални, практични и свесни дека во одредени ситуации немате доволно знаење за да ги решите на најдобар начин за вас.

  1. Одговорот на ова прашање открива колку сте одговорни.

Ако одговоривте дека сакате да останете во сегашноста, вие сте зрели како личност и подготвени сте да ги поздравите промените. Ако сте одбрале да се вратите во детството, не сте задоволни од вашиот живот и се плашите од иднината.

  1. Последниот ден од животот открива колку жалите за потезите што сте ги направиле во минатото.

Ако вашиот одговор на ова прашање беше да поминете еден ден со драгите луѓе, вашата совест ве гризе дека ги занемарувате вашите најблиски поради работата и си ветувате себеси дека ако добиете нова шанса за живот, сигурно ќе го промените тоа.

Ако сте одбрале да бидете сами, имате тенденција постојано да го доведувате во прашање вашиот живот и да ги барате грешките.

  1. Одговорот на ова прашање открива која е вашата вистинска природа.

Ако земете албум со фотографии или ситници од патувањето од дома, вие сте сентиментални и чувствителни и тешко прифаќате нови ситуации.

Loading...

Ако понесете гардероба, по природа сте конвенционални и секоја промена ве блокира.

Ако вашиот избор беше да понесете документи, вие сте одличен реалист и подготвени да се справите со сè што ви носи животот.

Ако сте одбрале да понесете пари или вреден накит, вие сте внимателен и пред се ја цените безбедноста: за вас, промената е предизвик да станете најдобрата верзија за себе.


Leave a Reply