Украина од денеска ќе воведе ограничувања во снабдувањето со електрична енергија на целата територија, изјави советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.
Loading...
– Од утре, 20 октомври 2022 година, ќе бидат воведени ограничувања во снабдувањето со електрична енергија низ цела Украина – напиша Тимошенко на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.
Тој ги повика Украинците да ги „минимизираат трошоците“.
Се проценува дека околу 40 отсто од енергетскиот капацитет на Украина е исфрлен од рамнотежа поради руските напади во изминатите неколку дена.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.