Германската полиција ја уапси Елизабет Р., која обвинителството ја сомничи дека е лидер на терористичка група која имала за цел да ја дестабилизира Германија, да ја собори владата и да киднапира министер.
Таа терористичка група планирала да ја оштети и уништи постројката за снабдување со електрична енергија, а планирала да го киднапира и министерот за здравство Карл Лаутербах.
Групата се нарекува себеси „Обединети патриоти“, а Елизабет Р. имала водечка улога во административниот дел на таа терористичка организација, која била разоткриена во април, соопшти обвинителството во Карлсруе.
Таа била задолжена за координација и спроведување на плановите, учествувала во набавката на оружје и барала што побрзо спроведување на плановите.
Работела и на регрутирање нови членови, пренесува Танјуг.