Снимка од тепачка која се случи вчеравечер во центарот на Куманово се споделува на социјалните мрежи.
Од кумановската полиција велат дека тепачката се случила околу 19:30 часот, а нешто околу полноќ кај нив две лица пријавиле дека биле нападнати.
– На 20.11.2023 во 00.15 часот во СВР Куманово, Р.Н.(33) од Куманово пријавил дека на 19.11.2023 околу 19.30 часот на ул.„Маршал Тито“, тој и Н.М. биле физички нападнати од две лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од она што може да се забележи на снимката две лица влечат по земја и удираат боксови на други две лица, по што седнуваат сите во своите возила и заминуваат.
Според она што може да се забележи тепачката го има запрено и сообраќајот на улицата „Маршал Тито“.
Никола Ивановски