Тепачка меѓу двајца кумановци, го нарушиле јавниот ред и мир

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово ќе одговараат за нарушување на јавен ред и мир, откако физички се пресметувале во центарот на градот.

– На 28.08.2026 во 07:11 часот во СВР Куманово А.Ш.(47) од Куманово пријави дека на улица „Борко Танев“ во Куманово бил физички нападнат од Х.А.(49) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по преземени мерки од полициски службеници, било констатирано дека А.Ш. и Х.А. го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

– По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  31-годишник бегал од кумановската полиција оти возел без дозвола

Никола Ивановски