Тениски фестивал за деца се одржа во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Tениски фестивал за деца се одржа вчера на тениските терени во Куманово, во организација на Тениската Федерација на Македонија и трите тениски клуба од Куманово, ТК Тумба, ТК Куманово 2010 и ТК Конфидент Тенис.

Loading...

 

 

На тенискиот фестивал под наслов „Запознај го тенисот низ игра и дружба”  кој помина во одлична организација на домаќините продефилираа околу 90 дечиња кои низ игра и забава се запознаа со вештините на тенисот.

 

 

Loading...

За нивната едукација се погрижија тренерите од клубовите кои беа дел од организацијата на целиот настан.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановецот Глигор Максимовски со изложба во Белград

Тениската Федерација на Македонија на тенискиот фестивал за деца ја представуваа Горан Шевченко – спортски директор во Тениската Федерација на Македонија како и техничкиот секретар Елена Никодиновска Аџар.