Вистински топлотен бран доаѓа над Македонија идната недела.
Loading...
Претстојниот викенд ќе стави крај на променливото време проследено со врнежи и грмежи и ќе ни донесе вистински летни температури.
Од понеделник живата во термометарот на одредени места во Македонија ќе надмине 35 степени. Такво време ќе се задржи до крајот на наредната недела, а за викендот се најавуваат и температури близу 40 – тиот степен во јужните делови на земјата.
По пеколниот понеделник во третата недела од јули се очекува ново наоблачување и локални врнежи од дожд кои ќе донесат и значително намалување на температурите во просек од 10 степени.