Телото на поранешниот папа Бенедикт ќе биде изложено во базиликата Свети Петар

Сподели со своите пријатели

Телото на Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 95-годишна возраст, од понеделник ќе биде изложено во базиликата Свети Петар за верниците да му оддадат почит, соопшти Ватикан, додавајќи дека погребот на поранешниот папа ќе се одржи на 5 јануари и со него ќе претседава папата Франциск.

Loading...

Поранешниот папа почина во саботата во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, објави портпаролот на Светата столица.

Почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, вистинско име Џозеф Рацингер, беше избран за папа во 2005 година по смртта на Јован Павле Втори. а тој во 2013 година поднесе оставка поради лоша здравствена состојба и се повлече во манастир во Ватиканските градини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија