Телата на убиените во полициската акција ќе бидат предадени на семејствата

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи преку писмено соопштение ја информирала Амбасадата на Косово во Скопје дека е завршена обдукцијата на телата и идентификацијата на девет лица кои загинаа во полициската акција во Куманово.

Loading...

Косовската амбасада треба да ги информира семејствата на загинатите дека можат да дојдат во Скопје да ги подигнат нивните тела.

Јавното обвинителство на 17 мај соопшти дека загинале 10 припадници на терористичката група. При увидот на местото на настанот, како што наведе Обвинителството, пронајдени се десет трупа, за кои по извршената обдукција се утврдило дека припаѓаат на групата.

Меѓу нив се и телата на двајцата водачи на таа група, според МВР,  Мирсад Ндрецај – командант Нато и Бег Ризај – командант Бег.

Според обвинителство, ќе бидат предадени телата на Џафер Зимиери, Бег Ризај, Мирсад Ндрецај, Валон Кабашија, Тургај Гашија, Самид Кастриоти, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Реџај.

Leave a Reply