Тексас: Извршена смртната казна за злочин стар 16 години

Сподели со своите пријатели

Тексас погуби 41-годишен маж кој пред повеќе од 16 години избоде до смрт агент за недвижнини во близина на Далас.

Loading...

Ова е втора смртна казна извршена оваа година во американската држава.

На Косол Чантакумане му била дадена смртоносна инјекција во затворот во Хантсвил, објави АП.

Тој беше прогласен за виновен за убиство на 40-годишната Сара Вокер, мајка на две деца, во јули 2006 година.

Телото на Вокер со повеќе од 30 убоди со нож беше пронајдено во дом во Мекини, околу 50 километри северно од Далас.

Додека моќниот седатив пентобарбитал бил вбризгуван во вените на двете раце, Чантакумане погледнал во својата мајка, која ја гледала егзекуцијата и рекол: „Мамо, те сакам“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Иако ниту еден од членовите на семејството на жртвата не присуствувал на извршувањето на пресудата во затворот во Тексас, осуденикот им рекол: „Се молам мојата смрт да им донесе мир“.

Обвинителите тврдеа дека во јули 2006 година, Чантакуман влегол во домот на манекенка каде престојувал Вокер, агент за недвижнини, и ја избодел повеќе пати пред да украде часовник Ролекс и сребрен прстен, кои никогаш не биле пронајдени.

Loading...

Чантакумане призна дека бил во куќата, но само за да се напие чаша вода. Тој во тоа време беше на условен отпуст откако отслужи затворска казна во Северна Каролина за киднапирање и грабеж.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца