Театрите од Куманово и Плевен потпишаа меморандум за соработка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово и Драматично куклениот театар – „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, денеска потпишаа меморандум за соработка кој, меѓудругото, предвидува и реализација на заеднички претстави.

Loading...

– Се надеваме дека во периодот што следува ќе имаме плодна соработка со овој театар и сугрен сум дека ќе направиме успешна соработка за реализација на заеднички претстави во кои би играле актери од двата театри, заеднички гостување, каде сето тоа би било помогнато од двете држави. Секако тука сме за да воспоставуваме мостови, да воспоставуваме соработка и меѓу нашите две држави, рече Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

 

 

Во рамките на соработката, вечерва театарот од Плевен ќе ја одигра претставата „Еден маж и една жена“, а како што информираше директорот Тодоровски билетите се веќе распродадени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци со меѓусебна тепачка го нарушиле јавниот ред и мир

Димитар Кабаков, директорот на  Драматично куклениот театар – „Иван Радоев“ вели дека идејата за соработка дошла во Ловеч при заедничка средба со Тодоровски.

– Ова е најдобриот пат тука на Балканот кон создавање на нормални односи и зближување на народите. Сето останато да го оставиме на политичарите, нашата работа е да се собираме заедно, да работиме и да ја радуваме нашата публика, како тука, така и во Бугарија. Од тоа поубаво и поважно нема, вели Кабаков.

Loading...

 

 

Во вечерашната претстава „Еден маж и една жена“ вечерва играат актерите Георги Ангелов и Мариета Калпова.

– Станува збор за претстава за односите меѓу мажот и жената, темата за љубовта, човекот претпочитува да биде со човек до себе си. Претстава во која има многу страст, комични моменти, претстава со многу пресврти, вели актерот Ангелов за она што можат кумановци да видат вечерва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три пожари изминатото деноноќие во Куманово

 

 

Loading...

Актерката Мариета Калпова вели дека има трема како ќе помине претставата пред публиката, но се надева дека ќе им се допадне на кумановци.

– Еден наш племенски режисер Димо Дешев, вели „Да градиме мостови, а не да ги гориме“, така што убаво е да сме заедно, да се прегрнеме, насмееме и бидеме заедно. Од тоа нема поубаво, човекот е создаден да твори, да плаче, да се смее и ние затоа сме, ние уметниците сме за тоа, да бидеме мост на народите и луѓето, вели таа.

 

 

Диркеторо на НУЦК „Трајко Прокопиев“ се надева дека во иднина двата театри ќе создадат и заедничка претстава.

– Се надеваме дека ќе најдеме текст кој ќе го прилагодиме за двата театри, ќе најдеме финансиски средства, поддршка од двете министерства за тоа да се реализира. Тоа може да биде одлично и за актерите од Плевен и Куманово, да дојдат во нови средини, да запознаат нови луѓе и нов начин на работа. Ние сакаме да го направиме тоа и сигурни сме дека ќе успееме во таква соработка, вели Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Куманово

 

Loading...

 

Директорот на театарот од Плевен, Кобаков, вели дека таква соработка веќе имале со театри од Романија и Бугарија и се надева дека ќе може да се реализира и со кумановскиот театар.

 

 

Loading...

Кобаков ја истакна и пофали соработката со Сашо Насев, директорот на Макдонскиот културен институт во Софија кој имал идеја негова претстава да биде направена со актери од двата театри.

Никола Ивановски