Театар Куманово со маестрална изведба на ”Жена од минатото” (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Бурни аплаузи и воодушевување од кумановската публика по синоќешната премиера на трилер – драмата ”Жена од минатото”, работена во режија на Нела Витошевиќ.

Loading...

Кумановскиот театар од вчера е побогат за уште една маестрална претстава, нешто сосема поразлично од тоа што досега го виделе кумановчани на театарската сцена во Куманово.

 

[huge_it_gallery id=”35″]

 

Драмата ”Жена од минатото”, работена според текстот на Роланд Шимелфелинд, обработува тема на осаменост, уривање на интегриетот на индивидуата, непишаните морални норми и влијанието на надворешниот свет врз креирање на карактерот на поединецот.

 

Loading...

Немав план да дојдам во Куманово за да овде поставам трилер – драма, вели режисерот Нела Витошевиќ.

– Не знам сè уште каква ќе биде реакцијата на кумановската публика, но ја почуствував нивната енергија додека заедно ја гледавме претставата, вели Витошевиќ.

 

Актерот Игор Ангелов кој во претставата го толкува ликот на Френк по премиерата вели дека вистински уживал да го толкува токму тој лик.

 

Младата и надежна актерка Нина Максимова која патем првпат настапува во кумановскиот театар, вели дека возбудата по претставата не се опишува со зборови.

Loading...

 Вчеранавечер, во премиера на претставата ”Жена од минатото”, настапи актерската екипа во состав Александра Пешевска Игор Ангелов Јасмина Василева Марко Трајковиќ Нина Максимова

Leave a Reply