Театар Куманово вчеравечер ја изведе детската претстава „Волшебникот од Оз“ на малата отворена сцена во Крива Паланка.
Loading...
– Волшепство и фантазија кои ја импресионираа бројната млада публика присутна на модерната бајка „Волшебникот од Оз”, која се одигра на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, велат од Театар Куманово.
Loading...
Младата актерска екипа од Театар Куманово ги плени најмладите со одлично одиграните улоги на лавот, плашилото, лошата и добрата вештерка, лимениот дрвосечач, волшебникот од Оз и главниот лик – девојчето Дороти,во најново поставената театарска претстава.
Инаку, Крива Паланка годинава е град на културата за 2024 година и има голем број културни настани.
Никола Ивановски