Театар Куманово денеска премиерно ја игра „Волшебникот од Оз“

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово денеска премиерно ќе ја изведе детската претстава „Волшебникот од Оз“ од 18 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

Станува збор за претстава во режија на Бојана Краљевска Стојков, а во која играат: Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ, Сања Русевска и Никица Јанковски.

Волшебникот од Оз го игра актерот Никица Јанковски, за кого претставата носи спомени од детството кога исто така ја играл додека бил во основно училиште.

– Кога говорам за ова претстава ме поврзуваат многу анегдоти, многу убави мигови. Една прекрасна приказна која сите ја знаеме, сите пораснавме со неа. Приказна која е безвременска која е една од најчитаните. Го играм ликот на Волшебникот од Оз, кој е посебно инспираривен лик кој всушност низ целата претстава е помеѓу лагата и вистината, доброто и злото, изјави тој.

Јанковски ги повикува сите дечиња, со нивните родители, баби и дедовци, да дојдат и да уживаат во новата претстава на Театар Куманово.

Премиерата е денеска од 18 часот, а билетите се во продажба на билетара во Центарот за култура.

Никола Ивановски