Татко го тужи училиштето бидејќи учителката ѝ ја отсекла косата на неговата ќерка

Сподели со своите пријатели

Таткото на седумгодишното девојче од Мичиген, чија наставничка и ја скрати долгата и виткана коса без дозвола од родителите, го тужи училиштето и двајца членови на училишниот персонал и бара надомест од еден милион долари.

Loading...

Во тужбата на Џими Хофмајер стои дека се прекршени уставните права на неговата ќерка, која е од мешана раса.

Истрагата на училишниот округ заклучи во јули дека, иако наставничката ја игнорирала училишната политика, таа не постапила со расна пристрасност. Таа доби укор, но и било дозволено да ја задржи својата работа во основно училиште во Јужна Каролина, пренесува Би -Би -Си.

Хофмајер во април минатата година за медиумите изјави дека неговата ќерка Џурни еден ден се вратила од училиште со фризура на едната страна од главата.

 

 

– Наставничката ја исече долгата, виткана коса на ќерка ми со ножици во училишниот автобус – рече тој.

Loading...

Два дена подоцна, девојчето се вратило од училиште со фризура и од другата страна на главата, иако била однесена на фризер кој  асиметрично ја потстрижал косата, така што различните должини би биле помалку очигледни.

Наставничката повторно ја скратил косата „за да ја исправи“.

Џими рече дека мислел дека тоа го направило друго дете, но Џурни му рекла дека е учителката. Девојчето објаснило дека наставничката ја скратила косата „за да ја исправи“, изјави тој за АП.

Во прилог на кршење на уставните права на детето, тужбата, исто така, обвинува расна дискриминација, етничко заплашување, намерно нанесување емоционално страдање и напад.

 

 

– Округот не ги обучувал, надгледувал, насочувал и дисциплинирал своите вработени и знаел, или требал да знае, дека вработените ќе се жалат на однесување поради несоодветна обука, обичаи, процедури и политики, како и недостаток на дисциплина – наведува во тужбата.

Loading...

Обвинетите се уште немаат дадено официјален одговор и нема коментари од училишната област.