Талибанскиот гувернер на авганистанската провинција Балх, Мохамад Давуд Музамил, загинал во експлозија во неговата канцеларија, соопшти полицијата.
– Две лица, меѓу кои и гувернерот Мохамад Давуд Музамил, загинаа во експлозија утринава – изјави портпаролот на полицијата Асиф Вазири за АФП.
Вазири додаде дека не се познати околностите за експлозијата, ниту пак чија е одговорноста.
ПРОЧИТАЈТЕ И: ХАОС ВО ИРАН: 45 загинати, интернетот и телефоните не работат, Трамп со закани (ВИДЕО)

