Талибанците презедоа одговорност за самоубиствениот напад во кој во Кабул загина еден, а двајца хрватски војници се ранети, објавија агенциите.
Јосип Бришки (27), припадник на Хрватската војска во меѓународната мисија во Авганистан почина од последиците на повредите здобиени откако бомбашот самоубиец со автомобил налетал на едно од возилата во конвојот на патот кон аеродромот.
Агенцијата Ројтерс додава дека тоа е прв хрватски војник кој загинал во Авганистан откако Хрватска е членка на НАТО, од 2003 година.
Најновиот бомбашки напад се случил во текот на подготовките за осмата рунда преговори меѓу САД и талибанските претставници оваа недела во Катар чија цел би требало да биде завршување на 18-годишната војна во Авганистан.
Во земјата се ангажирани околу 20.000 припадници на меѓународните сили, претежно Американци, во рамките на мисијата на НАТО предводена од САД во која обучуваат, советуваат и ги помагаат авганистанските сили.
Властите во Кабул потврдија дека талибанските борци разнеле воено возило со странски војници.
Нападот на конвојот е изведен на подрачјето Таракхел, на патот меѓу Кабул и Џалабад, пренесува полициски службеник во Кабул.
Талибаните, како што пренесува АФП, соопштиле дека нивниот борец „починал како маченк“ и додаваат дека се разнел во автомобил полн со експлозив тврдејќи дека убил и ранил голем број агенти на ЦИА, што сепак не е точно.
Image by Amber Clay from Pixabay