Тајните на „голтачите“ на мечеви: Почнуваат со прст, лажица па до сечиво (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голтањето ножеви е ризична работа. Новото истражување покажува колку тоа точно е ризично со собирање изјави од луѓе кои туркаат ножеви во грлото и преживуваат.

Loading...

Истражувачите испратиле специјална анкета до голтачите на ножеви ширум светот со прашања за тоа како го научиле својот занает и дали страдаат од какви било медицински проблеми предизвикани од природата на нивната работа.

Од 110 голтачи на кои им била испратена анкетата, 46 одговориле со тоа што се согласиле нивните резултати да бидат објавени.

 

 

Анкетираните голтачи во последните три месеци проголтале вкупно 2.000 ножеви, со:

25 од нив проголтале повеќе од еден нож истовремено,

Loading...

Петмина од нив проголтале 10 ножеви одеднаш,

Еден голтнал 16 ножеви одеднаш.

Вообичаен медицински проблем за сите голтачи на ножеви е болката во грлото, која обично се јавува кај голтачите кои штотуку учат за ова.

Некои имале проблеми со болки во долниот дел на градите, кои обично траеле неколку дена.

Шеснаесет од нив изјавиле дека имале внатрешно крварење, а една од голтачите дури била „изгребана“ со нож.

 

 

Loading...

Тројца голтачи со ножеви имале операции на вратот: еден голтач си го скинал грлото обидувајќи се да проголта заоблен меч; на другиот повторно му го скина хранопроводникот, бидејќи за време на изведбата концентрацијата му ја нарушил мајмун што седел на неговото рамо; стомачна танчерка и голтач на ножеви се здобиле со сериозни повреди кога едно лице од публиката ѝ турнало банкноти од долари во папокот, додека во хранопроводот имала три меча кои формирале „ножици“ и и нанеле тешки внатрешни рани.

Студијата, спроведена од Брајан Виткомб, британски радиолог во Глостершир Ројал NHS и Ден Мејер, извршен директор на Меѓународната асоцијација за голтачи на ножеви, беше објавена во Британскиот медицински журнал на 23 декември 2006 година, но остана незабележано додека студијата не беше објавена во веб-страницата на Боинг Боинг оваа недела.

Истражувањето наведува и како голтачите учат за својата вокација.

 

https://youtu.be/y-LhWP_T0IA

 

Обично со секојдневно вежбање во период од неколку месеци до неколку години, голтачите го губат рефлексот на повраќање со постепено зголемување на големината на предметот што го туркаат низ грлото, почнувајќи со прст, потоа со лажица, четка за боја, игла за плетење и конечно свиткана жица.

Изведувачите мора да научат како да го усогласат ножот со горниот дел од грлото и да ги опуштат мускулите на грлото и хранопроводникот, кои обично не се под доброволна контрола. Трикот што голтачите често го користат е да го премачкаат сечилото на ножот со малку лубрикант.

Loading...

Истражувачите заклучија дека „иако ризикот од добивање опасни по живот повреди е низок кај искусните голтачи кои се опуштени и се концентрираат на голтање еден нож, ризикот од таква повреда во текот на нивната кариера е доста висок“.