Тајфунот Ампил утринава продолжи да напредува кон Токио и другите источни области на Јапонија, а метеоролошката агенција ги повика жителите да се подготват за силни ветрови и обилни врнежи.
Откажани се голем број летови и полетувања на возови.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди на силни ветрови, лизгање на земјиштето, поплави и високи бранови, пренесува агенцијата Кјодо.
Се очекува тајфунот да донесе ветрови до 216 километри на час.
Железничките линии меѓу Токио и Нагоја во централна Јапонија закажани за денеска се прекинати, а ограничен е и бројот на возови до и од Осака во западна Јапонија.
Откажани се околу 650 меѓународни и домашни летови до и од аеродромот Ханеда во Токио и аеродромот Нарита, источно од јапонската престолнина, што влијаеше на околу 120.000 патници.
Метеоролозите прогнозираат дека тајфунот денеска ќе донесе до 300 милиметри дожд на квадратен метар во регионот Канто-Кошин, кој го опфаќа Токио.