Голема ранохристијанска црква откриена во село Пчиња (ФОТО)
Голема ранохристијанска црква е откриена на археолошкиот локалитет Градиште, во атарот на селото Пчиња, во Бислимска Клисура, по археолошките истражувања што ги спроведе Археолошкото одделение на НУ Музеј Куманово. Ископувањата се реализираа во периодот од 3 ноември до 26 декември 2025 година и, според надлежните, дадоа исклучително значајни резултати. Прочитај повеќе










